Џихадистите се заканиле дека ќе ги уништат Ајфеловата кула, Биг Бен и Белата куќа
13.03.2015 15:47
Заканувачката порака до Западот ја пресретнале од американскиот Центар за следење на исламистите на Интернет, објавува „Кориере дела Сера“...

Преку аудио порака на портпаролот од Исламската држава Абу Мухамад ал Аднани, џихадиските се заканија дека ќе ги уништат Белата Куќа, Ајфеловата кула и Биг Бен.
Заканувачката порака до Западот ја пресретнале од американскиот Центар за следење на исламистите на Интернет, објавува „Кориере дела Сера“.
„Ако Западот и САД ги сакаат засолништата на Исламската држава, тогаш ИД ги сака Париз, Рим и Андалузија, но пред тоа ќе ги уништиме Белата куќа, Биг Бен и Ајфеловата кула“-наведува Ал Аднани.
