ВМРО-ДПМНЕ најавува голем собир
Организирањето на собирот, кој е планиран како трибина, е резултат на автохтона иницијатива на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ по најновите политички настани...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ в недела напладне во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе одржи голем собир на граѓаните, од кој како што велат извори од партијата, ќе бидат испратени политички пораки од повеќе личности, меѓу кои и од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски.
Организирањето на собирот, кој е планиран како трибина, е резултат на автохтона иницијатива на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ по најновите политички настани.
Јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, а се очекуваат и јасни пораки за планираното во наредниот период,објаснуваат извори од партијата.
Според информациите, не се исклучува можноста настанот да биде почеток и дел од еден карван, кој би продолжил во повеќе градови низ државата.
