Принзание дека снимките се креирани?

13.03.2015 17:15

Прислушкуваните разговори што ги објавува СДСМ се монтирани- ова го призна самата партија преку објаснување за неделникот Фокус во кое тврди дека е грешка објавениот цел разговор меѓу новинарот Павловиќ и директорот на УБК Мијалков...

Бранко Героски во денешната колумна признава дека разговорите кои се креирани од СДСМ и кои Заев ги објавува на прес конференции се сечени, има такви кои се ирелевантни за политичките процеси, но има и невистини и полувистини.

Героски го пишува следново цитирам: Проблемот со објавувањето на целосниот разговор меѓу двете „алапачи“ е во тоа што тој содржи елементи од лична, интимна природа, кои се ирелевантни за политичките процеси, а содржи и невистини и полувистини, што морало на некој начин да се верификуваат и да се протолкуваат пред да се објават, вели Героски.

Од друга страна, по разговорот кој беше објавен од неколку опозициски медиуми помеѓу Драган Павловиќ- Латас и Сашо Мијалков, а зад кој е јасно дека стои СДСМ, од опозициската партија преку брифинг информација за неделникот „Фокус“, признаваат дека сечат материјали и дека во нив објавуваат и приватни разговори.

Ова е брифингот од СДСМ. Цитирам: протече по грешка. Нашите требало да го исечат делот за Црвенковски и за приватни работи за други луѓе, објавува „Фокус“.

Ова е потврдува дека СДСМ пушта креирани разговори,што во своите изјави го потенцира премиерот Груевски и дека содржините се полувистини и извадени работи од контекст со кој се девалвираат личности.

Истовремено, креираните материјали се објавуваат селективно, а содржат и приватни и интимни делови загрозувајќи ја приватноста на огромен број на граѓани.

Со ова признание на СДСМ се гледа позадината за нивното одработување за туѓи интереси, каде најмалку е важна вистината и на секој можен начин се трудат да наштетат.

Во првата пресуда за „Пуч“, еден од осомничените призна дека нелегално прислушувал по налог на екс разузнувачот Верушевски за што доби 3-годишна казна затвор.

Милчо Велески