Случај „Пуч“: СДСМ со креирани материјали ја крие безидејноста
СДСМ немал стратегија на изборите во 2013. Ова тврдење на поранешниот генерален секретар на партијата е демант на тврдењата на лидерот Заев за изборен грабеж што се обиде да ги поткрепи со прислушкувани телефонски разговори...

Анлитичарите кои се блиски до опозицијата констатираат дека Заев не ја постигнал целта преку најавуваните бомби, туку се видело дека го манипулира и народот и сопственото членство. Лидерот на СДСМ преку обвинувања и креирани материјали сакал да ја скрие безидејноста на партијата која ја води.
„Се плашам дека крешендото е постигнато и дека ако нема нешто поспектакуларно од ова ќе има само еден надолен тренд“, смета новинарот Васко Ефтов.
Неподготвеноста за изборите во 2013-та на опозициската СДСМ ја потврдуваат и некогаш првите луѓе на партијата. Токму Андреј Петров, екс- генералниот секретар на опозициската партија, потврди дека СДСМ биле без стратегија, со што директно го демантира заев и неговите креирани материјали.
„Ние во 2013-та влеговме, после настаните од 24-ти септември, целосно неспремни за избори“, рече Андреј Петров.
Од друга страна пак аналитичарите велат Заев и СДСМ продаваат илузии. Во нервозата и фрустрациите, нивните подржувачи откако увидоа дека не ја добиваат потребната подршка со конструираните материјали се пожестоко се служат со непримерен речник, напади и навреди кон сите што не мислат исто.
„Ние сфаќаме дека ланската кампања, сите оние анкети што ги лиферуваше Ѓорѓи Спасов дека води Стево Пендаровски, биле всушност продажба на илузии. СДСМ и Заев немаат што да прават друго во моментов освен да продаваат илузии дека сигурно победуваат“, смета Ефтов.
Зоран Заев во вторникот пред своите симпатизери тврдеше дека бил местен и дека му бил нуден поткуп од струмички бизнисмен. Дури рече и дека поднел кривична пријава против бизнисменот, еден ден пред трибината на Социјал демократите. Таква пријава се до четвртокот не била евидентирана.
„Вчера со секретарот на Општина Струмица, со шефот на кабинет го направивме записникот и го архивиравме предметот“, рече Заев.
Пред година и половина струмички бизнисмен пријавил дека Зоран Заев како градоначалник му барал поткуп од 200.000 евра. Заев тоа го стори 4 дена откако на јавноста и кажа дека веќе поднел кривична против бизнисменот.
Миле А. Ристески
