Повторно на прво место

Бијонсе и Џеј-Зи, најбогата двојка на светот

18.10.2013 13:47

Бијонсе и Џеј-Зи се повторно на првото место од листата на Форбс за најбогати двојки на светот.

 
Со своето богатство од 95 милиони долари, сопружниците ги оставија зад себе Жизел Бундхен и Том Брејди кои минатата година заработиле 80 милиони долари. На трето место се Викторија и Дејвид Бекам, со богатство од 54 милиони долари, а на четврто место се Анџелина Џоли и Бред Пит. На петото место се Вил Смит и Џада Пинкет Смит, со заработка од 40 милиони долари.