Холивудско сценарио во Драчево
За да заработи 5.000 денари, 14-годишно дете направило штета од 700 илјади денари. Малолетниот деликвент држи рекорд од 5 кривични дела за само три часа. Извесен Новица од скопско Драчево се ујдисал со четири години помалиот другар па завчера попладне го зел детето со себе и се оддал на криминален поход. Прво истепал старица во нејзиниот дом зошто не сакала да му даде пари, потоа начекал отклучен автомобил, со клуч на бравата, па со детето тргнале од Драчево кон Центар. Не стигнале далеку. Удриле во друг автомобил на булеварот Првомајска.

За да заработи 5.000 денари, 14-годишно дете направило штета од 700 илјади денари. Малолетниот деликвент држи рекорд од 5 кривични дела за само три часа. Извесен Новица од скопско Драчево се ујдисал со четири години помалиот другар па завчера попладне го зел детето со себе и се оддал на криминален поход. Прво истепал старица во нејзиниот дом зошто не сакала да му даде пари, потоа начекал отклучен автомобил, со клуч на бравата, па со детето тргнале од Драчево кон Центар. Не стигнале далеку. Удриле во друг автомобил на булеварот Првомајска. Никого не повредиле, но ги искршиле автомобилите и направиле штета од 3.000 евра. Ни тоа не било доволно за малолетникот под адреналин, па автомобилот го оставил и побегнал пред да дојде полицијата. Од старица што ја пресретнал украл златно ланче. Се обидел уште една да ограби, но кога не му успеало, ја турнал жената во канал и ја држел во заложништво 15-тина минути. Кога сфатил дека пари нема да добие си тргнал дома, па во револт прво ја демолирал куќата на неговата баба, а потоа и ја запалил. Со брза интервенција на локалните пожарникари, огнот бил локализиран.
Во полициска станица, малолетникот не го открил идентитетот на детето што одело со него. А нивните жртви сведочеле дека во кривичните дела помалото дете не учествувало.
Анита Димитријевска
