Потврдена добрата соработка меѓу Македонија и Турција

13.03.2015 17:42

Потенцирајќи ја успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи и на меѓународно ниво, шефот на македонската дипломатија се заблагодари за постојаната и гласна поддршка на Турција за членство на земјава во НАТО...

Билатералните односи меѓу Македонија и Турција и актуелните меѓународни случувања беа во фокусот на средбата во Анкара на министрите за надворешни работи на Турција и Македонија, Мевљут Чавушоглу и Никола Попоски.

Потенцирајќи ја успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи и на меѓународно ниво, шефот на македонската дипломатија се заблагодари за постојаната и гласна поддршка на Турција за членство на земјава во НАТО.

Министрите се осврнаа на заедничките приоритети на двете земји за членство во Европската унија, и во тој контекст Попоски ја нагласи македонската определба за  развивање на добрососедските односи во согласност со европските и евроатлански вредности и стандарди.

За време на официјалната посета, Попоски беше примен и од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, а се сретна и со членови на парламентарната група на Големото народно собрание.