Ин мемориам- Слободан Гапиќ (1945-2015)
Целиот свој работен век го мина во Македонската Телевизија, оставајќи зад себе голем продукциски опус...

Денеска изутрина почина Слободан Гапиќ, пензиониран продуцент. Целиот свој работен век го мина во Македонската Телевизија, оставајќи зад себе голем продукциски опус.
Спортската програма му беше омилена, како почетен и завршен делокруг од работата, организирајќи ги сложените продукциски проекти како што се шаховската Олимпијада, Светските првенства во кајак и во борење.
Свој силен работен печат остави и во реализацијата на играната и документарната програма.
Неговата професионалност во работата, посветеност кон Куќата и човечноста ќе останат во сеќавањата на вработените во Македонската телевизија.
Слободан Гапиќ ќе биде погребан утре на Градските гробишта Бутел во Скопје, во 13 часот.
