Кошарка - НБА

Ирвинг феноменален, Кливленд славеше на паркетот на шампионот

13.03.2015 20:19

Најдобриот американски кошаркар за минатата година постигна 57 поени што е негов личен рекорд, а и најмногу сезонава за еден НБА кошаркар. Што е уште поимпресивно тој постигна 9 поени во последната минута од регуларниот тек и плус 11 поени во продолжението...

Кајри Ирвинг одигра маестрално во победата на Кливленд над Сан Антонио со 128 : 125, дури по продолжението. Најдобриот американски кошаркар за минатата година постигна 57 поени што е негов личен рекорд, а и најмногу сезонава за еден НБА кошаркар. Што е уште поимпресивно тој постигна 9 поени во последната минута од регуларниот тек и плус 11 поени во продолжението. Ирвинг заврши со снајперска прецизност за 3 поени во седумте обиди, со што го стави во втор план Леброн Џејмс кој беше одличен со 31 поен, колку што кај шампионот постигна Тони Паркер. Кливленд се зацврсти на второто место на истокот, а Сан Антонио е шести на западот.

Продолжение се играше и во Индијанаполис, каде што Индијана беше подобра од Милвоки со 109 : 103. Родни стаки со 25 поени најмногу продонесе за 9 победа во последните 10 натпревари и седма позиција, зад Милвоки. Вашингтон го совлада Мемфис 107 : 87 предводен од Полјакот Гортат со 22 поени и 9 скокови и остана на 5 место на истокот, додека гостите и натаму се втори во западната конференција. Јута го прегази Хјустон со 109 : 91 со 19 поени и 22 скока на Руди Горберт, а во мечот на некогаш славните Њујорк славеше во ЛА против Лејкерс 101 : 94.