Експертите сѐ погласни: Аудиоснимките на СДСМ- монтирани и невистинити

14.03.2015 17:20

Експертите велат- СДСМ објавува невистини и полувистини во аудиоснимките. Со изјавата на портпаролот Шилегов дека снимките се адаптирани преку сечење и монтажа, се урива веродостојноста на нивната содржина...

Аудио материјали кои ги презентира опозициската СДСМ се монтирани и станува збор за невистини и полувистини – констатираат експертите. Дури и блискиот до СДСМ, Геровски го забележува тоа во својата колумна дека од креираните материјали протекуваат ирелевантни податоци, но и невистини. За еден од објавените материјали Геровски пишува:

„Тоа што тој содржи елементи од лична, интимна природа, кои се ирелевантни за политичките процеси, а содржи и невистини и полувистини, што морало на некој начин да се верификуваат и да се протолкуваат пред да се објават. Тоа е должност на тој што ќе одлучи да ги објави.

Дури и во СДСМ потврдуваат дека дел од разговор протекол по грешка, со што се потврдува дека се загрозува приватноста  на 20.000 луѓе. За дел од медиумите и  партискиот портпарол на СДСМ Шилегов констатираше дека разговорите се сечат и монтираат, со што самите ја урнаа веродостојноста на материјалите кои ги објавуваат.

Ние на прес-конференциите ги објавуваме најбитните делови од разговорите, а потоа на интернет ги ставаме цели за да не испадне дека сме ги монтирале. Но, конкретниот разговор имаше дел што треба да се објави, бидејќи се однесува на изборни нeрегуларности, но и дел што не беше во план да оди, како оној за Црвенковски, како и за приватни работи на други луѓе. Грешка е што нашите не го исекле.“

Од друга страна пак лидерот на Социјал- демократите Зоран Заев кој е осомничен за  барање поткуп од 200.000 евра сеуште не одговори зошто  во вторникот пред своите членови кажа дека поднел кривична пријава против бизнисменот, а тоа го стори дури неколку дена подоцна. Или година и половина подоцна откако бизнисменот против Заев поднесе пријава.

Полицијата поднесе кривична пријава против Заев за барање мито. Се сомничи дека од лице барал по 2 евра за метар квадартен за да приватизира градежни земјиште.од 100.000 метри квадратни. Половина барал да му бидат дадени нему, а половина за изградба на црвка во Струмица.

 

Миле А. Ристески