Математика: Техничките науки предуслов за вработување

14.03.2015 17:32

Денешниот датум го означува бројот ПИ, а тој е еден од основите на математиката. Денеска е меѓународниот ден на овој број. Тоа е добар повод за да се направи анализа за важноста и потребата од изучување на математиката...

Нема напредок на ниту едно поле без математиката. Светот го движат јаките економии поткрепени со софистицирани информатички системи. Експертите уверуваат дека математиката е сржта на умствениот развој на луѓето, особено на младата популација.

Најголемиот број нобелови награди се добиени токму за апликативната економија, за банкраството на пример, за случајни процеци и други дејности што практично почиваат на математиката, вели професорот  Ристо Малчевски.

Математиката не е наука која можат да ја совладаат само одделни луѓе, како што се мислеше до сега, туку можеби е наука која треба да се изучува во континуитет и без неа нема практично конкурентност на ниту едно поле.

Ако светот останува на младите, тогаш повеќе од сигурно е дека математичкото образование е нивниот приоритет, па не би смеело да се политизира за ничии интереси.

 

Фиљана Кока