Хиршер со велеслаломскиот глобус
Австриецот Марсел Хиршер со денешното второ место на велеслаломот во Крањска Гора го освои малиот кристален глобус во дисциплината во која денеска за прв пат победи Алекс Пантуро од Франција...

Финишира сезоната во алпско скијање,а со тоа почна и распределбата на трофеите. Австриецот Марсел Хиршер со денешното второ место на велеслаломот во Крањска Гора го освои малиот кристален глобус во дисциплината во која денеска за прв пат победи Алекс Пантуро од Франција, задржувајќи ја предноста од 61 стотинка по првата трка пред второпласираниот Хиршер и французинот Томас Фанара кој стигна до третото место на подиумот.
Во генералниот поредок Хиршер ја задржа предноста од 124 поени пред Јансруд во пресрет на утрешниот слалом-дисциплина во која денека во шведски Оре се натпреваруваа скијачките.
Победи Микаела Шифрин со предност од секунда и пол во однос на Вероника Велез Зузулова од Словачка и третопласираната Шарка Страхова од Чешка.
Шифрин ја зголеми предноста во слалом на 90 поени во однос на Хансдотер,а изби на третото место во генералниот пласман со 900 поени, зад Маза со 1296 и водечката Фенингер со 1341.
