Нова ера во енергетиката: Клечовце – Неготино се гради, целосна гасификација до 2022!

14.03.2015 18:34

Со заварување на првата цевка беше означен стартот на градежните работи што ќе ги врши руската компанија „Стројтранс гас“. Треба да изгради 61 километар од вкупната должина, проектирана на 96,6 километри. Гасификацијата на градовите треба да почне во јуни следната година, до 2022- тата гасот треба да биде достапен низ целата територија ...

Почна изградбата на магистралниот гасовод Клечовце- Штип- Неготино дел од националниот гасоводен систем. Со заварување на првата цевка беше означен стартот на градежните работи што ќе ги врши руската компанија „Стројтранс гас“. Треба да изгради 61 километар од вкупната должина, проектирана на 96,6 километри. Гасификацијата на градовите треба да почне во јуни следната година, до 2022- тата гасот треба да биде достапен низ целата територија на државава. Оваа делница ќе овозможи продор и ширење на гасоводната мрежа. Македонија добива пристап до стратешки ресурси. Најголемата придобивка ќе ја имаат граѓаните- рече премиерот Груевски.

„Можноста да се користи гас во домаќинствата ќе значи помали сметки за струја  и греење што директно ќе се одрази на буџетот на граѓаните. Придобивки ќе има и економијата. Употребата на поевтин енергенс ќе значи поголем профит на компаниите, поголема конкурентност на домашниот производ, подобри услови за водење бизнис, а тоа ќе допринесе и за нови работни места во државата. Користењето на гасот позитивно ќе влијае и во производството на електрична енергија од страна на државните електрани. Нивната модернизација и адаптација ќе значи намалување на трошоците за производство и подобрување на еколошкиот аспект од нивната работа. Со тоа Македонија ќе добие поевтина и еколошки поприфатлива алтернатива на мазутот и сличните енергенси кои се употребуваат во моментот“, рече премиерот Никола Груевски.

Трасата на новиот гасовод од Клечовце треба да биде приклучок на постојниот гасоводен систем Крива Паланка- Скопје. Ќе се движи кон Свети Николе, ќе има крак кон Велес. Ќе минува покрај индустриската зона Штип. За кракот од Неготино до Кавадарци треба да се обезбедат дополнителни финансииИнвестиција тешка 75,7 милиони долари, од државната каса ќе се финансира со речиси 16 милиони, остатокот ќе се покрие со намирување на рускиот клириншки долг кон земјава.

Државната каса е во добра кондиција, секогаш има пари за вакви капитални проекти од стратешко значење“, рече вицепремиерот Ставрески.

Владата проектира во следните седум години да се гасифицра цела Македонија. Во фаза е избор на фирма што ќе го работи Скопскиот регион.

За регионот на Скопје постапката е во завршна фаза иво најскоро време очекувам да се избере компанијата која ќе ја гради дистрибутивната, гасоводна мрежа низ Скопје. Во тек е и постапката за избор на компанија која ќе ја гради секундарната мрежа и во останатите региони низ држава“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Природниот гас ќе обезбеди и стабилност во снабдување со енергија на државава. Ќе ја раздвижи и градежната оператива, ќе обезбеди нови вработувања, проектот ќе ги зацврсти и економските односи меѓу Македонија и Русија.  

Проект кој ќе ја донесе енергијата во секое домаќинство и ќе им овозможи на граѓаните да живеат во подобри услови,истакна дека тоа ќе овозможи развој и зацврстување на економските деловни и политички односи меѓу Македонија и Русија“, оцени Ширајев, заменик- директорот на „Сторјтранс гас“.

Пониски сметки во домовите, природниот гас како конкурентен енергенс е придобивка на целокупното стопанство, ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија на државата, заштита на околината, а со ова ќе се раздвижи градежната оператива“, нагласи Крсте Миладинов, директор на МЕР.

Се отвора нова ера во енергетскиот сектор во Македонија со која ке се подобри квалитетот на живеење на секој граѓанин и ќе биде поттик во зголемување на енергетските индустриски и инвестициски потенцијали.

 

Сузана Фиданска- Стоевска