Кошарка НБА

Атланта единствена со гостинска победа

14.03.2015 18:36

Шарлот дома го победи Чикаго со 101-91,Бостон –Орландо 95-88,Торонто –Мајами 102-92 и Оклахома –Минесота 113-99...

Во 9-те натпревари во американската професионална кошаркарска лига безмалку комплетна доминација на домашните екипи,со исклучок на Атланта која до 51-та сезонска победа со која и натаму е на првото место во источната конференција стигна на гости кај Феникс со 96-87.Милсап одново беше најефикасен со 23 поени,3 асистенции и 9 скока,а придонес во гостинскиот триумф имаше и Перо Антиќ кој запиша 6 поени и 4 скока.

Шарлот дома го победи Чикаго со 101-91,Бостон –Орландо 95-88,Торонто –Мајами 102-92 и Оклахома –Минесота 113-99. Далас беше убедлив против Лос Анџелес Клиперс со 129-99,Денвер славеше над лидерот на западот Голден Стејт со 114-103,а  Портланд над Детроит со 118-99.