Фудбал

Ренова и натаму победнички

14.03.2015 18:40

Ренова рано, уште во 4-та минута поведе со голот на Гафури. Тетекс, веднаш влезе во лов на израмнувачки погодок...

Тетекс и Ренова  го отворија 20 коло од фудбалското првенство на Македонија. Ренова ја оправда фаворитската улога, победи со 2:1. Интересни 90 минути во Скопје одиграа екипите од тетовското соседство. Особено содржајно беше првото полувреме во кое беа постигнати сите три гола. Ренова рано, уште во 4-та минута поведе со голот на Гафури. Тетекс, веднаш влезе во лов на израмнувачки погодок.

Во 23-та минута Христов успеа да погоди за 1:1. Десет минути подоцна Ренова се здоби со нова предност по погодокот на Скендери. Ова е трета пролетна победа на клубот од Џепшита. Тетекс беше главно рамноправен партнер, но не успеа да го избегне новиот пораз.

 

Прва лига:20 коло

Тетекс-Ранова   1:2

Недела:14.00 часот

Силекс-Металург

Брегалница-Шкендија

Пелистер-Работнички

Хоризонт-Вардар