Младоста против искуството
„Само борбеноста,младоста и публиката се на наша страна“-вели стратегот на Металург Лино Червар,но тоа не е причина домашниот состав да не одигра квалитетен натпревар и да се обиде да изненади,особено по добрата игра нагости во Брест пред 20-тина дена...

Со натпреварот против Мешков екипата на македонскиот ракометен шампион Металург најверојатно ќе го заокружи настапот во 4-тата сезона во СЕХА регионалното натпреварување без настап на завршниот турнир во Веспрем. Теоретските шанси уште се во игра, но за освојување на 6-тата позиција на табелата што води во Веспрем,металурзите ќе мора да го победат белорускиот претставни во СЕХА и потоа да очекуваат пораз на Нексе на гостувањето кај Борац на 18-ти месецов.
„Само борбеноста,младоста и публиката се на наша страна“-вели стратегот на Металург Лино Червар,но тоа не е причина домашниот состав да не одигра квалитетен натпревар и да се обиде да изненади,особено по добрата игра нагости во Брест пред 20-тина дена.
Хендикепт може да биде и евентуалното отсуство на Талески и Неловски кои се чувствуваат подобро,но се чини стручниот штаб нема премногу да ризикува воден од идејата дека двајцата млади ракометари ќе му бидат потребни на составот пред вклучувањето во плеј-офот во машката ракометна супер лига.
Натпреварот Металург-Мешков се игра во салата Борис Трајковски со почеток во 19 часот,а преносот е на собранискиот сервис на МРТ.
