САД: со „зони на ветувања“ до помала сиромаштија
По рецесијата која го уби американскиот сон, администрацијата прави обиди да го заживее преку таканаречени „зони на ветувања“. Ова е една од мерките со кои претседателот Обама сака да го стесни јазот меѓу сиромашните и богатите во Америка. Работа, дом, образование и закон – основните права за достоинствен живот во наредните 3 години ќе се спроведуваат во 20 најсиромашни заедници во Сан Антонио, Филаделфија, Лос Анџелес...

„Во овие соседства ќе им се придружиме на локалните напори да ја достигнеме националната цел – животот на едно дете да не биде одреден од поштенскиот код на кој живее, туку од неговата работна етика и големината на неговите амбиции“, изјави Обама.
Но за многумина битката против сиромаштијата е сурова реалност на подруг фронт. Во Миртл Бич, Јужна Каролина, Дон живее во шума од ноември. Поранешен градежник, не може да најде работа порати повреда на рамото, а социјалната помош не пристигнува иако го пратил сите документи.
„Овде не може да живее секој, ви велам. Кога ќе се намокри шаторот – тоа е тоа. Студело или не, мокро е и мизерно“, раскажува Дон, кој не го открива своето презиме.
Во Честер Каунти, Пенсилванија, Тина и нејзината ќерка се изненадени што во таканаречената „Банка за храна“ има свежи производи. Откако таа и сопругот останале без работа, им се придружиле на 10 % американски семејства што живеат под границата на сиромаштијата.
„Не знаев што да очекувам. Ова е ново искуство за мене“, вели Тина Хаусман, која од неодамна учествува во програмата за бесплатна храна.
Според последните анализи, се повеќе луѓе во градовите бараат помош за да се прехранат.
Ивана Салтировска