Промоција на Евровизиската песна и спот „Autumn Leaves” во Дневник1 на МРТ
Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов...

Македонската Радио Телевизија во понеделник, 16.03.2015 во Дневникот во 17.00 часот ќе ја промовира англиската верзија на официјалната евровизиска песна „Autumn Leaves“, со којашто Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тото јубилејно издание на Изборот за песна на Евровизија во Виена, Австрија.
Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.
Истовремено за македонската јавност ќе биде промовиран и видео запис, преку кој Даниел Кајмакоски на интересен начин ја раскажува приказната на песната.
Истиот ден во просториите на Студио М1, во Македонската Радио Телевизија точно напладне ќе се одржи премиерно преслушување на „Autumn Leaves“ за претставниците на медиумите.
