Заев објави нови аудио снимки
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја објави десеттата серија прислушувани разговори. Обвини дека по налог на владиниот врв, се менувале деталните урбанистички планови во општина Центар...

Опозицискиот СДСМ ги презентираше десетите по ред прислушувани разговори. Според лидерот заев, шесте објавени разговори разоткивале како врвот на извршната власт наредувал менување на деталните урбанистички планови, едниот Тасино Чешмиче 1 , другиот план Капиштец - Водно , за кои како што вели, имале интереси.
Лидерот на опозицијата , одговорајќи на новинарско прашање рече дека не ја свикал прес- конференцијата порано од вообичаено стравувајќи поради закажаниот собир на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи како што рече граѓаните веќе биле уверени дека кога се работи за вистината и слободата, демократијата и иднината на Македонија нема место за стравување.
Заев остана на ставот дека само оставка на премиерот Грувески и неговата влада и формирање преодна влада е излез од политичката криза во која се наоѓа земјава.
Фиљана Кока
