Постигнат договор: Владата и СОНК си подадоа рака

15.03.2015 17:50

Падна договор меѓу Министерството за образование и СОНК. Со него се предвидува подобрување на процесот на екстерно тестирање, како и систем на награди за успешните професори за признавање на нивниот труд. Социјалните партнери со оценка - постигнатото решение е во интерес на учениците и на наставниците...

Постигнат е договор меѓу Владата и СОНК. Ќе нема казни за наставниците во основното и во средното образование . Договорот предвидува подобрување на процесот на екстерното тестирање, зголемување на компетитивноста и подобрување на образовниот процес. Договорот нуди подобрени решенија во насока на валоризирање на трудот на наставниот кадар, со цел нивно стимулирање за постигнување подобри резултати.

Ќе се поедноставои водењето на педагошката евиденција. Од 2017-та година евиденцијата ќе се води само во електронски дневник. Се формира систем на награди за успешните професори.

Договорот следи по континуиран процес на преговарање меѓу Владата и репрезентативниот синдикат на СОНК. И двете страни се задоволни од постигнатото решение кое е во интерес на учениците и наставниците. Социјалните партнери најавуваат дека ќе го продолжат дијалогот за подобрување на условите за работа и решавање на проблемите во образованието.

 

Игор Панов