Заштита на правата на потрошувачите- лани поднесени 400 претставки
Потрошувачот секогаш има право – вели едно старо трговско правило. Граѓаните од година на година се повеќе се информираат за своите права. Надлежните ги засилија контролите. 15 март е Светскиот ден на потрошувачите...

Потрошувачите треба да се интересираат и да ги знаат доволно своите права кога се работи за производите што ги купуваат. Лани имало околу 400 претставки, од кои половината биле основани. Граѓаните најчесто реагирале за пакувањето, рокот и страни тела во производите. Трендот на пријавување се зголемува, а со тоа и свеста кај потрошувачите.
Покрај контролата и обезбедувањето безбедни производи за конзумација, Агенцијата за храна и ветеринарство е одговорна и за заштита на правата на потрошувачите.
Сите декларации се проверуваат на прием на артиклите и недостатоците веднаш се констатираат и се регулираат- велат надлежните.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат до потрошувачите да реагираат доколку сметаат дека нешто не е во ред со храната. Може да достават претставка на бесплатниот број на агенцијата кој е достапен 24 часа.
Александра Перевска
