Зголемени контроли на влезот од Шенген просторот

15.03.2015 18:32

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија одлучиjа од јуни годинава да ги зајакнат граничните контроли на Шенген зоната, во согласност со повикот на европските лидери по терористичките напади, во почетокот на јануари во Париз против неделникот „Шарли Ебдо“...

Државјаните на земјите членки на ЕУ кога ќе влегуваат во Шенген зоната – во која се наоѓаат 26 европски земји, од кои 22 се членки на ЕУ, каде што луѓето можат слободно се движат – од јуни ќе бидат предмет на поголема контрола врз основа на листата на „заеднички индикатори за ризик“, која има за цел „да се идентификуваат борците кога се враќаат од конфликтните области кои се сметаат опасни“, пред се Сирија и Ирак.

„Кога има се повеќе и повеќе државјани од нашите земји кои се вклучуваат на театрите на  терорстичките операции во Сирија и Ирак. Денес, ова ни е потребно, но за тоа немаме потреба да го реформираме законодавството на Шенген просторот. Мора да се направи да имаме задолжителни конторло што ќе биде важна етапа, која треба да се спроведи“, вели Казенев.

Индикативната листа ќе биде готова во наредните недели, во соработка со Интерпол, а ќе се спроведува со поддршка на Фронтекс, агенцијата на ЕУ одговорни за безбедноста на границите. Откако ќе биде воспоставен новиот протокол, луѓето чиј профил се совпаѓа со  критериумите на листата, нивните документи по електронски пат ќе бидат споредувани со заедничката база на податоци.

Денес, само 30% од пасошите кои се претставувани при влегување или излегување од Шенген зоната се опфатени со процесот на електронско испитување, за да се провери дали тие не се изгубени, украдени или фалсификувани.

Министрите разговараа и за можноста овие проверки на личните документи да се вршат за сите граѓани на ЕУ при влезот во Шенген зоната. 

Инаку, според најновите податоци од Фронтекс, „нелегалното преминување“ на границите се зголемиле тројно меѓу 2013 и 2014 година поминувајќи од 100.000- 274.000 лица.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ