Гостинско коло
Водечките во трката за титулата и за излез во Европа останаа „силни“, освојувајќи нови бодови. Оваа првенствена рунда е раритетна и со податокот дека ниту една од екипите,кои играа на свој терен не извојува победа...

Комплетирано е 20-то коло од фудбалското првенство на Македонија. Водечките во трката за титулата и за излез во Европа останаа „силни“, освојувајќи нови бодови. Оваа првенствена рунда е раритетна и со податокот дека ниту една од екипите,кои играа на свој терен не извојува победа.
Вардар, пролетната победничка ниска ја продолжи во Турново славејќи со 2:0. Работнички и натаму беспрекорно гази! Во Битола го совлада Пелистер со 3:1.Македонскиот првак е во фантастична серија од 12 победи на последните 13 првенствени натпревари. Брегалница и Шкендија одиграа 0:0, без победник 1:1, заврши и дуелот во Кратово меѓу Силекс и Металург.
Прва лига:20 коло
Брегалница-Шкендија 0:0
Пелистер-Работнички 1:3
Силекс-Металург 1:1
Хоризонт-Вардар 0:2
Вчера: Тетекс-Ренова 1:2
Табела:
1.Вардар 47
2.Работнички 44
3.Шкендија 34
4.Ренова 32
5.Силекс 29
6.Металург 25
7.Хоризонт 21
8.Пелистер 18
9.Брегалница 17
10.Тетекс 6
