Далеку е Веспрем
Подмладениот состав на Червар без Неловски,Талески и Стојановиќ,пред 700 гледачи во СЦ Борис Трајковски водеше само до 10-тата мунита со 4-2 по што следуваше период од 10 минути без постигнат гол...

Со поразот од Мешков со 26-17,екипата на Металург и дефинитивни ги загуби шансите за настап на завршниот турнир на СЕХА регионалното ракометно натпреварување во Веспрем на крајот на Март.
Подмладениот состав на Червар без Неловски,Талески и Стојановиќ,пред 700 гледачи во СЦ Борис Трајковски водеше само до 10-тата мунита со 4-2 по што следуваше период од 10 минути без постигнат гол,серија на гостите од Белорусија од 6-0 по што се чини се беше јасно.
Мешков на полувреме замина со 12-9,отвори во второто со 3-0 и до крај ја одржуваше и ја зголеми предноста за конечни 26-17.Пораз со кој Металург остана на 7-та позиција на табелата,а Веспрем,Вардар,Мешков,Загреб,Татран и Нексе ќе играат на завршниот турнир во 4-тата сезона на СЕХА.
