Рома и Кома во водство
Шпанското владеење на автомобилистичкото рели Дакар 2014 по пустинските предели низ јужноамериканскиот континент продолжи и по вчерашната петта етапа. Нани Рома на Мини го презеде врвот од Карло Саинц од СМЏ Баги во конкуренција на автомобилисти, а Марк Кома од КТМ изби на чело на мотоциклистичкиот поредок, по екстремно тешката делница во текот на којашто натпреварувачите се бореа и со пеколни температури од над 40 степени Целзиусови.

Рома беше лидер по првите три етапи, а се врати на водечката позиција откако најбрзо го мина специјалот од 527 километри, при преселбата на конвојот од Чилесито во Тукуман оддалечени нас 900 километри. Послабо време од него забележаа Јужноафриканецот Жиниел Де Вилие во Тојота и Американецот Роби Гордон во Хамер. Во генералниот пласман Рома сега има предност од 26 минути и 28 секунди во однос на шампионот од 2011, неговиот тимски партнер од Мини, Катарецот Насер Ал-Атијах. Победникот од 2010, ветеранот Карлос Саинц, којшто во етапата влезе од водечката позиција, по кошмарот со неколку навигациски грешки, падна дури на шестото место, со речиси еден час заостанување зад Рома.
Мотоциклистичкиот дел од натпреварот беше скратен поради опасностите од пеколната горештина. Поранешниот шампион Марк Кома на КТМ беше прогласен за победник, пред колегите од тимот, шпанскиот сонародник Жорди Виладомс и Полјакот Куба Пжигонски. Кома го презеде водството во севкупниот поредок од славеникот во првата и во третата етапа, шпанскиот ривал Хоан Бареда Борт од Хонда, којшто поради навигациски и проблеми со горивото загуби многу време и падна на второто место. Огромно му е сепак заостанувањето зад Кома, дури 41 минута и 10 секунди.