Земјоделство
Врнежите ги променија сеидбените планови
16.03.2015 12:41
Краткотрајните врнежи од дожд кои ќе бидат присутни и неделава ќе ги сменат сеидбените планови. Земјоделците се во дилема која култура да ја насеат...

Променливото и облачно време со врнежи од дожд најавени и за неделава ги загрижува земјоделците.
Временските услови ќе овозможат исцедување на дел од вишокот на водата, но не и за да почнат со подготовка за пролетната сеидба.
Директните штети од поплавите полека се санираат.
Останува проблемот со високите подземни води од кои нивите неможе да се обравотат и да се засадат растенијата.
Сега многу повеќе се размислува за тоа не кога да се сее, туку што да се сее.
Методија Трајков
