Путин ја активира Северната флота со 40 илјади војници

16.03.2015 13:32

Русија е соочена со нови безбедносни закани што и налагаат јакнење на воената моќ и способности. Ненадејната проверка на борбената готовност опфаќа 38 илјади војници, 41 воен брод, 15 подморници и 110 авиони и хеликоптери...

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавил дека претседателот и врховен командант на руските оружени сили Владимир Путин наредил полна борбена готовност на Северната флота на руската морнарица и воздушно десантските единици заради воена вежба.

Тој истакнал дека Русија е соочена со нови безбедносни закани  што и налагаат јакнење на воената моќ и способности. Ненадејната проверка на борбената готовност опфаќа 38 илјади војници, 41 воен брод, 15 подморници и 110 авиони и хеликоптери.

Напнатоста меѓу Русија и Западот поради Украина се на највисок степен по студената војна. Западен Киев ја обвинува Русија дека ги поддржува руските сепаратисти со човечки ресурси и со оружје.