Порошенко: Русија не познава црвени линии

16.03.2015 13:48

Украинскиот претседател, Петро Порошенко кој е на состанок со Ангела Меркел во Берлин, изјавил дека Договорот од Минск не функционира. Побарал продолжување на санкциите до крајот на годината затоа што „Русија не познава црвени линии“ и води војна со Украина...

Порошенко рекол дека цел свет мора да разбере, дека Русија води војна со Украина. „Почна со руските сепаратисти кои пролетта 2014 добија поддршка со руско наоружување, а потоа и војска. Единствен пат тоа да се запре е комплетно повлекување на руските војници“- изјави украинскиот претседател Порошенко.

Барал и бојкот на Светското фудбалско првенство треба да се одржи во Русија за три години. Порошенко ги пофалил ангажманите на Меркел и на Оланд, но рекол дека Договорот од Минск не функционира, затоа што е само надеж, но не и реалност.

„Добро е што барем сега борците што ги поддржува Русија не користат тешко наоружување“. Тврди дека Украина ги исполнила сите точки од Договорот како и прекин на огнот.

Порошенко вели дека Путин само мисли дека работи за интересите на Русија, но всушност е обратно. Смета дека не може да ја контролира Украина затоа што таа никогаш не била пообединета во желбата за демократска, слободна проевропска земја отколку сега, токму поради него.