Најбогати Граф и Агаси
Во светот на спортот има многу брачни двојки коишто „тежат“ во милиони, а според некои пресметки, на врвот на листата се Штефи Граф и Андре Агаси. Двајцата беа меѓу најдобрите во историјата на тенисот, а нивната банкарска сметка се проценува на 205 милиони долари. Граф и Агаси се во брак од 2001, имаат две деца, на 12 и на 10 години, а велат дека немаат намера да инсистираат тие да ја продолжат семејната традиција.

На богатството на Граф и на Агаси можат да му конкурираат скијачката Линдзи Вон и голферот Тајгер Вудс. Сепак, најпознатата двојка во спортскиот свет се уште не е во брачна врска, па на второто место на листата се фудбалерката Миа Хам и бејзбол играчот Номар Гарчапара со сметка од 35 милиони долари. Во професионалната кариера тие освоија две олимписки титули, а во приватниот живот најголемо богатство им се трите деца. Многу блиску до нив, на разлика од „само“ еден и пол милион долари се Кристи Јамагучи и Брет Хедикан. Американските олимпијци се запознаа на Игрите во 1992 во Барселона каде што Јамагучи заработи злато во уметничко лизгање. Хедикан е двократен олимписки репрезентативец на САД во хокеј на мраз. Во брак се од 2000, а нивна најголема гордост се двете ќерки.