Нови случаи на туларемија
Тим на епидемиолози се на терен во светиниколскиот регион и село Каратманово, бидејќи најголем број од случаите се од таму. Има случаи и од Скопје. Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба...
Потврдени се три нови случаи на туларемија, за уште толку се чекаат потврда. Сите пациенти биле лекувани на клиниката за инфективни болести, пуштени се на домашно лекување. Здравствената состојба им е стабилна.
Тим на епидемиолози се на терен во светиниколскиот регион и село Каратманово.Има случаи и од Скопје.
Центрите за јавно здравје веќе извршија дератизација и дезинфекција на куќите и училиштата од каде што се пријавените, за анализа земени се мостри од вода, дадени се насоки за редовно хлорирање на водата.
Болеста се пренесува од глодари на луѓе, но не и од човек на човек.