Исланѓаните протестираат заради повлекување на кандидатурата за ЕУ

16.03.2015 15:22

Предводниците на отпорот велат дека само парламентот може да ја повлече таа одлука и бараат од ЕУ и понатаму да го смета Исланд за земја кандидат...

Околу 7 илјади Исланѓани  протестираат на улиците на Рејкјавик заради повлекувањето на кандидатурата за членство во Европската унија.

Владата во четвртокот ја донела одлуката за повлекување и покрај тоа што парламентот во 2009 година донесе одлука за кандидатура. Предводниците на отпорот велат дека само парламентот може да ја повлече таа одлука и бараат од ЕУ и понатаму да го смета Исланд за земја кандидат.

Од друга страна пак, многу Исланѓани се противат на одлуката за влез во ЕУ поради непопуларните квоти за риболов, но според анкетите дури 82% сакаат да гласаат на референдум.