Тенис

Ѓоковиќ низ полесен пат до одбрана на тронот, Надал на мака до можно финале

10.01.2014 12:33

Лесна рака за Новак Ѓоковиќ на утринскиот жреб во Мелбурн на патот кон одбрана на Австралискиот грен слем. Доколку дотурка доттаму Ѓоковиќ ќе биде првиот тенисер со 5 Австралиски грен слема. На патот му стојат навидум лесни имиња во кои секогаш демнат и изненадувањата, мотивирани од големината на противникот.

Сериозните проблеми на Новак му следат во 1/4 финалниот расплет кога доколку не биде попатно изненаден му доаѓа осмиот турнирски рекет Вавринка, па во 1/2 финалето можен противник Ферер или Бердих. За крај и за среќа на тениските љубители, а богами и за организаторот, дури во финалето би се сретнал со светскиот број еден Надал.

Затоа пак шпанецот, ќе се изнамачи за да се најде на последниот ден на Мелбурн парк. Веднаш на стартот му се попречува домашниот миленик Бернард Томиќ, па во четвртото коло ќе треба уште еден домашен тенисер да се прати на трибини, Лејтон Хјуит кој ќе го има рекордното 18-то учество на свој терен. Веќе 1/4 финалето му носи сериозна пречка, Дел Потро.

Во другата четвртина од извлекувањето се Федерер, Енди Мареј, Цонга што ветува турнир како за почеток на сезоната каков може да се посака.

Својата Австралиска кампања за трет пехар со ред Азаренка ќе ја има во силно друштво, почнувајќи од 1/4 финалето каде како потенцијална противничка ја чека петиот рекет Радванска. Доколку Азаренка се најде во завршната 4-ка ќе се соочи со Шарапова.

Водечката во WTA поредокот Серена Вилијамс во секој меч ќе влегува крајно внимателно, на патот и стојат до последен настап на Род Левер Арената, Кербер, Квитова, Лисицки, На Ли.