Ципрас стравува дека Грција ќе остане без пари до крајот на месецов

16.03.2015 15:49

Лидерот на „Сириза“ која е на власт два месеца изразил загриженост пред претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц за време на состанокот во Брисел...

Според германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, грчкиот премиер Алексис Ципрас стравува дека Грција до крајот на март ќе остане без пари, пренесува „АПФ“.

Според весникот можно е платите и пензиите на Грците да не им бидат целосно исплатени.

Лидерот на „Сириза“ која е на власт два месеца изразил загриженост пред претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц за време на состанокот во Брисел.

„Ципрас има итна потреба од пари. Затоа треба да ја убеди еврогрупата и Европската централна банка во волјата да преземе реформи, и тоа уште од следната недела“, изјавил Шулц за весникот.