Ракомет – СЕХА лига

Сеха финишира во Веспрем

16.03.2015 16:11

Ако во минатата сезона составот на Червар во преден план ја имаше Лигата на шампионите и условно пресметано го пропушти фајнл-фор турнирот сега и конкуренцијара во регионот се покажа пресилна за пласман на една од 6-те позиции што водат на завршниот турнир...

Беше меѓу фаворитите на почетокот на сезоната ,но на крајот македонскиот ракометен шампион Металург по сите превирања и комплетната промена на составот нема да биде дел од завршниот турнир на најдобрите 6 екипи во СЕХА регионалното натпреварување. Ако во минатата сезона составот на Червар во преден план ја имаше Лигата на шампионите и условно пресметано го пропушти фајнл-фор турнирот сега и конкуренцијара во регионот се покажа пресилна за пласман на една од 6-те позиции што водат на завршниот турнир. Така честа на македонскиот ракомет и титулата од минатата година ќе ја брани составот на Вардар ,но сезонава со сериозно искушение тоа да го стори на теренот на најуспешниот состав во регуларниот дел од лигата унгарски Веспрем

Според новите пропозиции за завршниот турнир што ќе биде одржан во Веспрем од 25-29-ти март,домаќинот и Вардар во полуфиналето ќе ги очекуваат победниците од дуелите меѓу екип

ите од 3-тото до 6-тото место на табелата што се веќе извесни без оглед на резултатот од последниот натпревар во лигашкиот дел меѓу Борац и Нексе. Со победата над Металург ,Мешков го потврди третото место и за пласман во полуфиналето ќе игра со Нексе, додека 4-от учесник во полифиналните натпревари во Веспрем арената ќе биде победникот од дуелот меѓу 4-то и 5-то палсираниот Загреб и словачки Татран.