Најпрестижната награда на „Мал битолски Монмартр“ за учениците од Малезија

16.03.2015 16:32

Најпрестижната награда, гран-при на последната детска ликовна колонија се малите уметници од Малезија. Годинава на оваа престижна и единствена ликовна манифестација се очекува да пристигнат над сто деца од повеќе земји од светот...

Децата од Азија две години по ред стануваат нераскинлив дел од битолскиот монмартр. Ако минатата година најпрестжната награда „гранд при“ ја освоија децата од Шриланка, годинава таа патува во Малезија. Колекцијата на децата од приватното студио „YEOW. CHYE“ е прогласена за најдобра од пристигнатите околу 12.000 цртежи од 31 земја во светот. Околу 700 најквалитетни творби ке ја красат 33-тата по ред Меѓународна изложба.

„Тука се бисерите на малиот битолски монмартр, бисери од детската фантазија од целиот свет“, вели ликовниот педагог Коста Хаџиантоновски.

Отсекогаш ваков бил уводот во мајскиот светски детски ликовен самит. Месец кога ликовните дејци доаѓаат во светската ликовна амбасада од повеќе агли да ја насликаат познатата староградска архитектура.

„Очекуваме над сто деца од повеке земји во светот поделени во 25 екипи. Ќе дојдат и 12 деца кои беа на свој начин победници во ланската колонија. Кога доаѓаат децата тоа е празник за чаршијата, љубопитство за туристите и мерак за душата“, вели Коста Хаџиантоновски.

Освен во Битола, Охрид и Крушево, еден ден ликовните амбасадори ќе ја сликаат и селската архитектура, новина на манифестацијата која се врака по некоку години пауза.Тоа ќе биде ново ликовно богатство кое ќе влезе во 33-годишното депо и тежи околу 600.000 ликовни дела.

 

Стевче Митревски