Над 13.000 работни места од новите инвестиции
Висок економски раст, намалена невработеноста, зголемени плати и пензии. Македонија е меѓу најдобрите држави во светот по добрите услови за водење бизнис. Премиерот Груевски на вчерашната трибина најави нови странски инвестиции и европски пари за бизнис заедницата...

Во време кога цела Европа намалува плати, пензии и социјална помош, Македонија е со најголем раст на економијата, земјава е меѓу 30-те држави во светот по добрите услови за правење бизнис. Странските директни инвестиции досега вработија над 11 илјади луѓе, а бројката секојднево расте. Вака ние се бориме за Македонија- порача Премиерот Груевски на вчерашната трибина.
Изминативе осум години се отворени над 130 илјади работни места, а невработеноста од 38 % е намалена на 27,6 отсто. Само годинава се очекуваат уште нови 25 странски копании да објават одлука за инвестициите во земјава. Во капацитетите што ќе се отворат ќе се креираат над 13 илјади работни места.
Според Груевски, во време на економска криза, се обезбедија и евтини кредити за функционирање на бизнис секторот, а веќе се ситни и четвртата транша од 100 милиони евра од новата кредитна линија од Европската инвестициска банка.
Со три компании од оние кои неодамна ги најави Владата, во април ќе се потпишат и финалните договори за инвестирање. За два месеца од сега ќе почне да се гради фабриката на КСС во Кичево, за 1.000 луѓе, Гентерм во Прилеп каде ќе се вработат 2000 луѓе, ОДВ електрик во Охрид Струга со 1.000 вработени.
Во овој период ќе се потпише и договорот со Костал, каде во западниот регион ќе се отворат уште 1.000 нови работни места.
Според Премиерот Груевски народот е тој што треба да направи разлика и да одлучи дали по дела ќе ја цени оваа власт.
Сунчица Николовска
