Крај на шпекулациите- Путин е жив и здрав

16.03.2015 17:57

Рускиот претседател Владимир Путин е жив и здрав. Тој, по 10- тина дена се појави во јавноста на средбата со киргистанскиот претседател Атамбаев и веданш потоа како то известија руските медиуми наредил целосна борбена поготовност на Севрената руска флота...

Краткото отсуство на Путин, беше и повод посеbно странските медиуми деновиве да  шепкулираат за причините зошто одеднаш го снема Путин, од тоа дека бил болен, потоа дека станал татко па до теоријата дека бил мирно сменет во државен удар, што  беше досега дематирано од Кремаљ. Кометирајќи ги сите овие настани, Путин рече само дека „животот би бил многу досаден без гласини“.

Во меѓувреме минисетрот за одбрана, Сергеј Шојгу, ја спроведе наредбата на  врховниот командат. Тој изјави дека земјата се соочува со нови безбедносни закани и поради тоа од денеска е подигната целосна борбена готовност на севрената флота.   

„Главната цел на вежбите е да се провери способоста на Севрената флота за исполнување на задачи поврзани за бесзбедноста на Русија и на Арктикот“, изјави министерот за одбрана.  

Добите познавачи на состојбите во задкаваскиот регион, преупреуваат дека во најблиското укринско соседатво воени маневри изведуваат силите на НАТО во Црното море и русите на југот од Крим па се до Сибир.

Вежби се одржуваат во 12 ипол години вклучувајќи ги и руските воени бази во Ерменија, Јужна Осетија, и во Абхазија, додека во Сибир вежбаат артилерија и воената авијација.

НАТО за свој полигон го одбра Црнто море. На Бугарскиот брег воените бродови на  Сојузот вежбаат одбрана од напад од подморница и од удар од воздух.

„Присуството на единиците на НАТО во Северното море се многу значајни бидејќи    низ обуката ја потврдуваме и демострираме нашата подготвеност на колективните  безбедносни одбрамбени системи“.

Вежбите на  Алијасата со внимателност се следат од руската страна бидејќи Москва смета дека присуството на американски воени бродови на Црното море не придносува за смирување на состојбата во Укарина. НАТО единиците манивраат и на Балтикот. На  вежбите коишто ќе траат се до мај ќе им се приклучат и американски војници со модерно оружје.  

Односите на НАТО и Русија драматично се влошија поради кризата во Укарина. Недоразбирањето меѓу двете стрни е на највисоко ниво. Недовербата се повеќе се зголемува особено кога истовремено вежбаат Русија и НАТО и тоа во  многу опасна близина.

 

Мирјана Василева