Италија: Уапсени четворица поради корупција
Меѓу нив е и поранешен официјален претставник од Министерството за јавни работи кој учествувал во коруптивниот скандал- склучување договори вредни 25 милиони евра...

Италијанската полиција во Фиренца уапси четири лица поради корупција за договори за јавни работи вредни 25 милиони евра. Неоправдано ги зголемувале цените за неколку проекти дури до 40%.
Меѓу нив е и поранешен официјален претставник од Министерството за јавни работи кој учествувал во коруптивниот скандал- склучување договори вредни 25 милиони евра. Под истрага на Државното обвинителство се и уште 51 лице.
Се сомничат за малверзации во проекти за јавни работи меѓу кои и изградба на делница за брза пруга, проекти за автопати и изградба на италијанскиот павилјон за светската изложба Експо 2015 во Милано.
При склучување на договорите за овие проекти учесниците во коруптивниот скандал неоправдано ги зголемувале цените дури и до 40%.
