Почнува со работа новата фабрика на „Актива“ во Штип
17.03.2015 09:20
Во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, која има фабрика во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје...
Во штипската индустриска зона „Запад“ -денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката за заварени склопни елементи за шасии за автобуси „Актива“. Во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, која има фабрика во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје.
Според најавите, инвестицијата во првата фаза на фабриката изнесува 3 милиони евра и првично 50 вработувања.
Халата за автобуски шасии во новата фабрика „Актива“ е со површина од 8.000 метри квадратни, а целиот капацитет е на површина од 70.000 метри квадратни.
На официјалното отворање на фабриката е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, претставници на инвеститорот и на локалната самоуправа.
