Фондот за иновации отвора Контактна канцеларија

17.03.2015 09:32

Канцеларијата, која е отворена од денеска, ќе работи во рамки на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје...

Фондот за иновации и технолошки развој воспоставува контактна канцеларија со цел доближување на програмите на Фондот до потенцијалните апликанти и поголема достапност на информациите за првиот отворен повик за инструментот Kофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации, за сите заинтересирани.
 
Канцеларијата, која е отворена од денеска, ќе работи во рамки на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје. 
 
Соработката меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов се воспоставува со намера да се обезбеди уште еден канал за комуникација со граѓаните во врска со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој.
 
Во просториите на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, заинтересираните може да се обратат за сите информации во врска со отворениот повик, како и останатите програми и активности на Фондот.
 
Сите заинтересирани лица може да добијат информации од вработените од Фондот за иновации и технолошки развој секој работен ден од 9 до 17 часот.