Кошарка

Тежок пораз на Олимпијакос

10.01.2014 12:49

Продолжија натпреварите од Лигата на шампионите во кошарка. Високиот пораз на Олимпијакос во Милано е едно од главните обележја на второто коло во Е групата. Европскиот првак загуби катастрофално од Армани со 81:51 кош. Блескаше Кејт Ленгфорд кај Миланезите со 29 постигнати кошеви. Барселона успешно го мина  Босфор во хитот на колото во Истанбул. Неизвесниот дуел против Фенербахче, шпанскиот состав го доби со 76:73 кошеви. Уертас со 23 постигнати поени имаше голем придонес во вредната победа на каталонскиот тим  против силниот опонент во групата.

Продолжија натпреварите од Лигата на шампионите во кошарка. Високиот пораз на Олимпијакос во Милано е едно од главните обележја на второто коло во Е групата. Европскиот првак загуби катастрофално од Армани со 81:51 кош. Блескаше Кејт Ленгфорд кај Миланезите со 29 постигнати кошеви. Барселона успешно го мина  Босфор во хитот на колото во Истанбул. Неизвесниот дуел против Фенербахче, шпанскиот состав го доби со 76:73 кошеви. Уертас со 23 постигнати поени имаше голем придонес во вредната победа на каталонскиот тим  против силниот опонент во групата. Бјелица со 15 кошеви беше најефикасен во тимот на Фенербахче. Барселона одлично стартуваше со две победи  од Топ 16 фазата во Евролигата, а Фенербахче има два пораза.

Во Ф групата возбудлив натпревар одиграа Баерн и Партизан во Минхен. Германскиот првак победи со 71:65 кошеви. Резултатската предност на Партизан во вториот дел изразена со 14 кошеви разлика, како и 24-те постигнати кошеви на Богдановиќ и 20-те на Кинси беа недоволни за победа на Партизан. Прецизната игра во последната четвртина, која Баерн ја доби со 19:9 беше решавачка за исходот. Брајант со 16 поени беше најефикасен во победничкиот состав. Макаби во Тел Авив долго го кршеше отпорот на Локомотив од Кубан за конечни 85:75 кошеви. Ветеранот Скорцијанис постигна 22 коша со одличен процент на реализација. Во оваа група Баерн и Макаби се извојуваат со по две победи.

Денеска следат  преостанатите натпревари од второто коло. Во Е групата ќе играат: Анадолу Ефес-Уникаха и Лаборал Куча- Панатинаикос. Во Ф групата: ЦСКА- Жалгирис и Реал Мадрид- Галатасарај.