Викторија Нуланд на европска турнеја

17.03.2015 10:07

Едно од прашањата за кое ќе се разговара во Атина е спорот со името, односно одбивањето на новата грчка влада да го прифати предлогот на посредникот Метју Нимиц за продолжување на разговорите за разликата со името во рамките на Обединетите нации...

Американскиот помошник секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд е во посета на Грција, Словенија, Италија и Белгија.

Според Стејт Департментот, целта на европската турнеја на Нуланд е да разговара со високи преставници на властите во Атина, Љублана и Рим за билатерални, регионални и глобални прашања. 

Едно од прашањата за кое ќе се разговара во Атина е спорот со името, односно одбивањето на новата грчка влада да го прифати предлогот на посредникот Метју Нимиц за продолжување на разговорите за разликата со името во рамките на Обединетите нации.

Викторија Нуланд на 20-ти март ќе присуствува на средбите во Брисел со претставници на НАТО и на Европската унија посветени на серија глобални и регионални прашања, и ќе учествува на форумот на Германскиот-Маршалов Фонд.