Се намалува ли градежната експанзија во Куманово?!
Големата побарувачка за станови придонесе и зголемена изградба. Како последица на оваа појава би можела да се јави и хипер продукција на станбени единици, но цената засега останува непроменета. И понатаму се продаваат од 550 до 700 евра за метар квадратен во зависност од локацијата...

Во Куманово во последните години се градеше на сите локации, но најбарани беа станови на булеварот „Октомвриска“и во централното градско подрачје. Изминатата година била успешна, но не како претходните, велат од градежниот сектор.
Побарувачка за станбени единици има, но не како порано, затоа би можела да има и хипер продукција, додават од таму. На граѓаните пак најмногу им сметаат изградените објекти кои зафаќаат дел од пешачки зони и улици.
Проблемот во градежништвото во Куманово, неколку пати беше и тема на распарва на седниците на Општинскиот Совет.
Најмногу побарувања на пазарот на станови и деловни објекти имаше од печалбарите во Авганистан, но како тие почнаа да се враќаат, се намали и интересот.
Габриела Димковиќ
