Почна оспособувањето на оризовите полиња

17.03.2015 12:55

Почна поправката на каналската мрежа на оризовите полиња. Поплавите ја однесоа речиси целата инфраструктура, а акцијата треба да заврши до почетокот на сеидбата...

Полавите во Кочанско ја однесоа решичи целата инфраструктурата за наводнување на оризовите површини, освен мал дел во повисоките места.

Каналската мрежата ќе треба да се санира најдоцна до првата декада на април, односно до почетокот на сеидба на оризот.

Лани беа засеани 4.600 хектари со вкупно производство од 26.000 тони оризова арпа или 14.000 тони бел ориз.

Најголемиот дел од површините се во кочанскиот регион, а во штипскиот се сеат околу 250 хектари.

 

Методија Трајков