Предвремени парламентарни избори во Израел- битка меѓу Нетанјаху и Херцог
Најжестока битка ќе се води меѓу актуелниот премиер Нетанјаху од партијата Ликуд, кој шест години е на оваа позиција, и Исак Херцог, претставник на Национистичката унија. Според предизборните анкети, Херцог е во водство...

Околу 6 милиони гласачи ќе изберат 120 пратеници во Kнесетот. Во трка се 26 политички партии. Најжестока битка ќе се води меѓу актуелниот премиер Нетанјаху од партијата Ликуд, кој шест години е на оваа позиција, и Исак Херцог, претставник на Национистичката унија. Според предизборните анкети, Херцог е во водство.
Нетанјаху, кој е доминантна личност на политичката сцена, непосредно пред почетокот на гласањето изјави дека нема да дозволи формирање Палестинска држава.
„Вистината е јасна и проста. Ако победи Ципи Ливни или Исак Херцог, на овие ридови ќе биде воспоставен Хамастан 2“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Херцог најави дека ако дојде на власт, ќе се посвети на подобрување на животниот стандард на граѓаните и на подобрување на односите со палестинците и со сад. Го обвини противкандидатот дека ги заплашува граѓаните со безбедносната состојба.
„Денеска ја славиме демократијата. Денеска луѓето решаваат кој ќе биде на чело на државата. Граѓаните може да изберат меѓу промени и надеж или очај и разочарување“, рече Исак Херцог, лидер на Лабуристичката партија.
Се очекува првичните резултати да бидат соопштени доцна ноќеска, а конечните ќе бидат објавени в четврток. Новиот премиер да биде познат по неколку дена.
Досега ниту една партија нема освоено апсолутно мнозинство во Парламентот.
Марија Петковска
