Битола- лидер во крводарувањето
Битолскиот Црвен крст со 102 годишна традиција е лидер според бројот на собраните единици крв. На долгиот список има лица кои по 60 до 100 пати подариле крв. Се почеста е хуманата активност на младата популација. Крвта да ги чека пациентите, а не обратно- девиза на битолските крводарители...

Драгоцената течност што живот спасува секогаш да ги чека пациентите, а не обратно, вели крводарителот Драги Автаровдски. Човекот кој досега 60 пати дарувал крв со задоволство се присетува на средношколските денови кога ја започнал хуманата мисија, но и на моментите кога има вонредни повици з а да се помогне некому кој се бори за својот живот.
„Имало повеќе такви случки, но вечно ќе се секавам кога имаше апел неколку битолски крводарители да одиме за Скопје. Требаше крв од некои дефицитарни крвни групи. Акцијата беше успешна, а чувството многу убаво“- вели крводарителот Драги Автаровски.
Тој е само еден од долгиот список на хумани луѓе што од драгоцената течност даруваат два до три пати годишно, нема адекватана награда за луѓето што сакаат хуманоста. Тоа можеби се должи на фактот што еден од најстаритете во земјава, битолскиот Црвен крст оваа мисија со успех ја спроведува еден век.
„Последниве години радува податокот што се почести крводарители се помладите и невработените на кои не му следуваат два слободни денови“, вели медицинската сестра Гордана Велјановска.
„Во просек годишно собираме над 3.200 крвни единици што е 20 проценти повеќе од планираното. Ќе продолшиме и понатаму така со цел Клиничката болници и останатите медицински установи навремено да се задоволуваат со потрбните крвни продукти“, изјави секретарката на битолскиот Црвен крст, Фанија Силјановска.
Последниве неколку години се интезивира соработката и со повеќе вакви организачии од соседните земји. Тоа се покажа како успешна практика за време на поплавите што го зафатија поширокиот регион кога хуманоста требаше да се покаже и на еден поинаков начин.
Стевче Митревски
