Тешка мисија на Арсенал, Леверкузен во пеколот на „Калдерон“
Монако-Арсенал и Атлетико-Баер Леверкузен се двојките. Тоа ќе е продолжение на битката за пласман во ¼ финалето. Азурниот Брег деновиве е опседнат со фудбалот!

Вечер Лигата на фудбалските шампиони одново е на сцена.Се палат светлата на „Луј Втори“ стадионот во Монако и на „Висенте Калдерон“ во Мадрид. Монако-Арсенал и Атлетико-Баер Леверкузен се двојките. Тоа ќе е продолжение на битката за пласман во ¼ финалето. Азурниот Брег деновиве е опседнат со фудбалот! Три седмици Кнежевството е во еуфорично расположените по блесокот на Монако, фрлајќи го на колена Арсенал со 3:1 среде Лондон! Финализирање на подвигот, елиминација на големиот Арсенал, е во молитвите на домашните фудбалски фанови. Има ли надеж за Арсенал, да ја надомести најлошата своја изведба во 2015-та година? Тренерот на „Топџиите“ Арсен Венгер не ја губи надежта: „Ќе се обидеме да искреираме нешто специјално“!- вели стратегот на Арсенал, веќе заморен од раните елиминации на неговиот тим во Лигата на шампионите.Повеќе од 3 гола на гости последен пат Арсенал постигна во групната фаза против Галатасарај славејќи во Истанбул со 4:1.
Ако „голеадата“ како неминовност, ќе го следи натпреварот во Монако, претставата во Мадрид се очекува да биде многу поразлична.Атлетико со негатива од еден гол го пречекува германскиот Баер Леверкузен.Шпанскиот првак минува низ сезона на контроверзни резултати, особено во „Примера“.Од фантастични дострели, како што беа оние против Реал Мадрид, до безличност, која „црвено-белите“ ги забавува во одбраната на титулата.Лигата на шампионите сепак е нешто специјално за сите. Дефицитот од Леверкузен навидум е минимален, но дуелите против германските тимови се секогаш тешки е неизвесни. Диего Симеоне е мајстор да ја крене мотивацијата на своите играчи до максимум. Да ги натера на бескромпомисна борба за секоја педа од теренот.Фудбалерите на Баер се свесни за искушенијата,велат: „ќе има гребаници, гризења, удирања, провокации...знаеме што не очекува“!
Вечер Лигата на шампионите ќе ги добие петтиот и шестиот 1/8 финалист, кои ќе им се придружат на Реал Мадрид,Баерн Минхен, ПСЖ и Порто.
Лига на шампиони: 1/8 финале:20.45
Монако-Арсенал (прв натпревар 3:1)
Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (0:1)
