Пратениците го усвоија Законот за трансформација на работниот однос

17.03.2015 13:39

Целта на измените, поднесени од пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, е регулирање на трансформирањето во работен однос на неопределено работно време и на лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување работа поради бременост и раѓање...

Собранието на Република Македонија во рамки на 39-тата седница го усвои Законот за трансформација во редовен работен однос.

Целта на измените, поднесени од пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, е регулирање на трансформирањето во работен однос на неопределено работно време и на лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување работа поради бременост и раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирањето на работниот однос.

Со измените се предвидува формирање Комисија која ќе издава потврда за условот и времетраењето на периодот за прекин поради бременост и раѓање.

Ќе се зголеми рокот во кој институциите се должни  да склучат договори за засновање на работен однос на неопределено време, односно да донесат решенија за вработување со лицата ангажирани со договор.