Отворени денови на АХВ во Велес и Свети Николе

17.03.2015 13:51

На средбите, граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош...

Во Велес и во Свети Николе отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбите, граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош.

Во рамки на отворените денови, ќе биде промовиран водичот за новините во означувањето на храната во Европската Унија, кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.