Против Белорусија со тројца дебитанти и со неколку повратници
Пачовски, Наумовски и Богатинов се во голманското трио. Место во одбраната ќе бараат, според селекторот, поливалентните: Стефан Ристовски, Георгиевски, Кире Ристевски, Шиков, дебитантот Бојан Марковски и Дарко Велковски. Најширока е конкуренцијата за во средниот ред: Ибраими, Адеми, Положани, Трајковски, Ѓуровски, Хасани...

Незадоволен од многумина на коишто им даде шанса во првите четири евроквалификациски средби, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски направи драстични промени во изборот на играчи од одбраната и од нападот за дуелот со Белорусија наредниот петок во Скопје и за пријателскиот меч со Австралија три дена подоцна. Ќе ги нема Мојсов, Алиоски, Костовски, Јаховиќ, Стојков, Глигоров, аво комбинација се неколку повратници и тројца дебитанти во националниот тим.
„Се определив за стил на игра којшто бара многу движење и голема мобилност особено во нападот, во којшто овој пат ќе има ниски играчи. Лани се обидовме да играме со класични центарфорови, но не сум задоволен од нивните изданија. На ред е сега да пробаме со еден друг стил на игра“, изјави Ѓуровски на прес-конференцијата.
Пачовски, Наумовски и Богатинов се во голманското трио. Место во одбраната ќе бараат, според селекторот, поливалентните: Стефан Ристовски, Георгиевски, Кире Ристевски, Шиков, дебитантот Бојан Марковски и Дарко Велковски. Најширока е конкуренцијата за во средниот ред: Ибраими, Адеми, Положани, Трајковски, Ѓуровски, Хасани, Тодоровски, Радески, дебитантот Енис Барди од младата селекција и Србинот Урош Матиќ, ако добие сертификат од ФИФА. Главни напаѓачки адути ќе бидат Блажевски, Крсте Велкоски и Абдурахими.
„Верувам во овој тим, доста е подвижен, со играчи коишто овозможуваат длабочина во играта и бараат гол. Ако дојде Марио (Ѓуровски н.з) којшто може да даде добра топка, можеме да очекуваме добра офанзивна претстава“, вели селекторот.
Според Ѓуровски, дуелот со Белорусија е клучен за нашата репрезентативна иднина и многу подобро е кандидати за тимот да се шестмина играчи од домашното првенство коишто се во натпреварувачки ритам, отколку интернационалци коишто не играат во клубовите.
